19 Декември, 2025
0.1091

Изборни нерегуларности под лупа на Зврлевски и ОЈО

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2016 16:27

Добивај вести на Viber

Како што се доближуваме до датумот за одржување на изборите, така растат и тензиите меѓу политичките партии, власта и институциите.

Последен таков пример е денешната информација која дојде од Основното јавно обвинителство.

Oд институцијата која е под палка на обвинителот Марко Зврлевски денеска соопштија дека се отворени истраги за изборни нерегуларности.

Во насока на запознавање на јавноста со досега преземените активности, Јавното обвинителство на Република Македонија известува дека до овој момент врз основа на случени кривично правни настани се оформени вкупно 42 предмета.

Од нив 20 предмети се оформени по службена должност по допрен глас по наводите објавени во медиумите, на порталите, по социјалните мрежи.

Оформени се три предмети по кривични пријави поднесени од физички лица за сторено кривични дела поврзани со изборниот процес“, стои во соопштението на ОЈО.

Оттаму посочуваат и дека сите 42 оформени предмети се препратени на итно постапување до надлежните Основните јавни обвинителства. 

Од Скопското обвинителство не откриваат коисе лицата или политичките партии за кои е отворена истрагата.

Вчера, за потсетување, антикорупционерите отворија истрага против министерот Оливер Спасовски и општина Куманово, со образложение дека го прекршиле Изборниот Законик.

Дополнителниот министер за внатрешни, Спасовски ги негираше обвинувањата и рече дека Државната комисија за спречување на корупција нема капацитет да биде нешто повеќе од партиска инсталација, меѓу другото дека не е надлежна да реагира .

Посочи дека не повредил ниедна од насоките на Државната комисија за спречување на корупција содржани  во двата дописа добиени во Министерството, според  кои не постои пречка за издавање на наредби заради неопходно извршување на службените работи и задачи во сите државни органи, а со тоа вклучително и во МВР.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки