19 Декември, 2025
0.0459

Изборот на доброволно приватно здравствено осигурување - прв чекор за подобра здравствена грижа

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2022 10:24

Добивај вести на Viber

Расте интересот за приватното здравствено осигурување, бидејќи расте и свеста дека осигурувањето штити од големи финансиски издатоци во непредвидени и неповолни ситуации, вели Наде Петроска, соработник за приватно здравствено осигурување во СН Осигурителен брокер.

Како да се направи најдобар избор за приватно здравствено осигурување?

ПетроскаЗдравјето е најважно за секој човек без исклучок. Инвестирањето во него значи дека сте донеле правилна одлука, а со тоа сте го направиле и првиот вистински чекор за себеси. Затоа, изборот на соодветен пакет на здравствено осигурување е од клучно значење за секој да може да си обезбеди најдобра здравствена грижа. Моја препорака е пакетот SN Eurohealth за доброволно приватно здравствено осигурување чија редовна цена изнесува само 515 денари месечно.

Истиот овозможува користење на здравствените услуги во сите приватни здравствени установи, при што се опфатени специјалистички прегледи, основни дијагностички мерења и снимања, лабораториски анализи и испитувања, амбулантски интервенции, амбулантска рехабилитација, комплексни дијагностички постапки, трошоци за лекови препишани на розов рецепт над 300 денари, дневна болница и дневна хирургија, дел од операции и дел од стоматолошки интервенции.

Постои можност преку симболична доплата од 235 денари месечно да се обезбеди и дополнително покритие за трошоци кои произлегуваат од користење на здравствени услуги за малигни заболувања.

Во споредба со останатите компании кои нудат приватно здравствено осигурување, “SN Eurohealth” e најконкурентен, не само од аспект на цената, туку и во поглед на опсегот на покритијата кои ги нуди.

Зошто е важно да се има приватно здравствено осигурување?

Петроска: Со приватното здравствено осигурување се добива најквалитетна здравствена услуга во приватните болници и се избегнува чекањето за слободен термин во јавните здравствени установи.Раното откривање на здравствените проблеми и точната дијагностика обезбедуваат навремена нега и грижа за нашето здравје којамногу значи за секого. 

Истото е дотолку позначајно во услови кога болничките трошоци во приватното здравство се високи.Со приватно здравствено осигурување побезгрижно можеме да се лекуваме во приватните болници, затоа што осигурителните пакети предвидуваат покривање на значаен дел од трошоците направени за користење на здравствени услуги. Со пакетот SN Eurohealth, достапен во СН Осигурителен брокер, се рефундираат дури до 70% од средствата за направените трошоци во било која приватна здравствена установа во Македонија.

Како ги идентификувате потребите на осигурениците?

ПетроскаНиз секојдневната комуникација со осигурениците ние правиме анализа што всушност нив најмногу им треба. Многу сме фокусирани на потребите на нашите клиенти бидејќи на тие потреби сакаме да одговориме на најдобар можен начин. Комуникацијата е клучната алатка да стигнеме до најдобрите решенија.

Која е предноста доколу приватното здравствено осигурување се избира преку осигурителен брокер?

Петроска: СН Осигурителен Брокер како компанија има транспарентен пристап кон своите клиенти, со тоа што им даваме соодветна понуда, односно најдобрите понуди се избираат од сите понуди на сите осигурителни компании на пазарот во земјата. Од нив непристрасно на клиентот му се нудат оние кои што најмногу одговараат на неговите барања и потреби. Нашите осигуреници целата таа консултација ја добиваат професионално и бесплатно. Покрај тоа денеска може да се каже дека купувањето на полисата за осигурување никогаш не било полесно и таа никогаш не била подостапна до клиентите.

Што покажуваат досегашните искуства на СН Осигурителен Брокер за приватното здравствено осигурување?

ПетроскаНесомнено е дека кај граѓаните расте интересот за приватното здравствено осигурување. Тоа го покажуваат и официјалните податоци во областа на осигурувањето во Македонија. Кај најбрзорастечката класа – приватно здравствено осигурување, исплатата на штети го следи растот на продажба на осигурителни полиси. За минатата година 9 осигурителни компании исплатиле 3,4 милиони евра. Тоа е двојно повеќе од износот на штети што го исплатиле во 2020 година во која поради здравствената пандемија и почна да расте популарноста на оваа доброволна осигурителна класа. Овие податоци само потврдуваат дека осигурувањето е исплатлива инвестиција која ве штити од големи финансиски издатоци во непредвидени и неповолни ситуации.

Каде заинтересираните можат да добијат дополнителни податоци за целата осигурителна понуда на СН Осигурителен брокер?

Наде Петроска: Повеќе информации можат да добијат на нашата веб страница www.snbroker.mk, каде што можат подетално да се информираат за сите класи на осигурување кои ги нудиме како што се осигурување на моторни возила, зелен картон, патничко осигурување, осигурување на имот, осигурување на лица, осигурување од одговорност...

Најбрзо и најлесно можат да се информираат и  телефонски на  075/499 – 715, како и на бесплатниот телефонски број 15 770. Притоа ќе добијат прецизни објаснувања од нашите брокери за најповолните осигурителни пакети зависно од нивните индивидуални потреби. Воедно, во своето место на живеење можат да се обратат во најблиската подружница на СН Осигурителен Брокер или да закажат средба со осигурителен брокер каде заедно ќе ја изберат најоптималната полиса прилагодена на нивните индивидуални барања и потреби. 

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии