20 Декември, 2025
0.0419

Избрани се најдобрите претприемачи за 2013 година

Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2013 10:54

Добивај вести на Viber

Ко-сопственикот на стоматолошката поликлиника Ендомак, Томе Тасевски, ја однесе наградата за најуспешен претприемач на мало претпријатие, а Ислам Рамизи, ко-сопственик на градежната компанија Монтеко е прогласен за најдобриот претприемач на микро претпријатие во Македонија. Втората награда во категоријата мали претпријатија ја доби Горан Јошевски, менаџер на туристичката агенција ЈК Травел, додека второнаграден претприемач кај микро претпријатијата е Благоја Самакоски, сопственик на Институтот за современи композити и роботика од Прилеп. Во двете категории, прво наградените претприемачи добија златни статуетки и ваучер наменет за маркетинг активности во износ од 50.000 денари, а второ наградените добија сребрени статуетки и ваучер во износ од 25.000 денари. Наградата за најуспешните претприемачи во Македонија на мало и микро препријатие се доделува по седми пат, а целта е да се поттикне претприемачкиот дух во земјата, преку промоција на успешни примери. Им се доделува на претпријатијата кои во тековната година имаат реализирано раст по основ на број на вработени, вкупни приходи, добивка и инвестиции. Покровител и организатор на Претприемач на годината 2013 е Министерството за економија, а главни организатори се Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија и Стопанската комора на северозападна Македонија. Ко-организатор е Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии