13 Декември, 2024
0.0351

ИЗДАДЕНИ ПОМАЛКУ ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА, АМА ЌЕ НИКНАТ ПОСКАПИ ОБЈЕКТИ - најмногу ќе се гради во Скопскиот регион, еве ги деталите

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Во септември годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 9,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.517.775 илјади денари, што е за 12,6 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 146 или 49,3 отсто се наменети за објекти од високоградба, 90 или 30,4 проценти за објекти од нискоградба и 60 или 20,3 проценти за објекти за реконструкција.

- Од вкупно 296 објекти, на 131 или 44,3 проценти како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 165 или 55,7 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 755 станови, со вкупна корисна површина од 67.372 метри квадратни - се наведува во соопштението на ДЗС. 

Податоците објавени во нивната анализа покажуваат дека најголем дел од одобренијата се за градби во Скопскиот регион, за каде се издадени 74 одобренија. Веднаш по него е Полошкиот регион со 67 одобренија за градба. Додека на трето место според издадените одобренија е Југоисточниот регион со 47 одобренија за градба.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„Целиме кон стабилни цени, конкурентност и подобар пристап до обновливите извори на енергија - Божиновска се обрати на Министерскиот совет на Енергетската заедница„

„Целиме кон стабилни цени, конкурентност и подобар пристап до обновливите извори на енергија - Божиновска се обрати на Министерскиот совет на Енергетската заедница„

Оптимистички кон крајот на одличната берзанска година

Оптимистички кон крајот на одличната берзанска година

Интервју Брано Ѓуровиќ, извршен директор на ONE Албанија: „Поинаков пристап на 4iG, носи подобрување на мрежната инфраструктура“

Интервју Брано Ѓуровиќ, извршен директор на ONE Албанија: „Поинаков пристап на 4iG, носи подобрување на мрежната инфраструктура“

М-р Митко Јанчев во „Бизнис-клуб“: Државата треба да биде повеќе насочена кон сопствените производи и кон извозот, а не кон увозот

М-р Митко Јанчев во „Бизнис-клуб“: Државата треба да биде повеќе насочена кон сопствените производи и кон извозот, а не кон увозот

ПРВ КОЈ НАДМИНА НЕТО ОД 400 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Како Илон Маск ја достигна оваа вредност?

ПРВ КОЈ НАДМИНА НЕТО ОД 400 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Како Илон Маск ја достигна оваа вредност?

БАНКРОТИРАА ПО 200 ГОДИНИ - беа претставници на најпознатите парфеми

БАНКРОТИРАА ПО 200 ГОДИНИ - беа претставници на најпознатите парфеми

КОЈ ПЛАТИ 120 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА „ТЕТЕКС“ - блок трансакција со акциите на тетовскиот комбинат

КОЈ ПЛАТИ 120 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА „ТЕТЕКС“ - блок трансакција со акциите на тетовскиот комбинат

ПАРИТЕ ЌЕ ЛЕГНАТ НА СМЕТКА НАЈДОЦНА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА - аванс за дивиденда за акционерите на УСЈЕ од 22 милиони евра

ПАРИТЕ ЌЕ ЛЕГНАТ НА СМЕТКА НАЈДОЦНА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА - аванс за дивиденда за акционерите на УСЈЕ од 22 милиони евра

Одлучна сум да работам без задршка и моето име утре да се поврзува со инвестиции, нови капацитети и создавање енергетски независна Македонија: Интервју со министерката Божиновска

Одлучна сум да работам без задршка и моето име утре да се поврзува со инвестиции, нови капацитети и создавање енергетски независна Македонија: Интервју со министерката Божиновска