19 Декември, 2025
0.1341

Издавачката куќа „Арс Ламина“ донираше книги на членките на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ

Објавено во: Мои пари 09 Март, 2021 11:41

Добивај вести на Viber

По повод Меѓународниот ден на жената, 8 март, издавачката куќа „Арс Ламина“ донираше пакет книги за дел од корисничките на услугите на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ во Скопје. Оваа акција беше организирана со цел да им се помогне на жени кои претрпеле семејно насилство и на нивните деца, поради што беа подарени изданија за најмалите читатели, заедно со книги за самопомош што би можеле да им помогнат на жените да се изборат со проблемите со кои се соочуваат. 


Маркетинг-менаџерот во „Арс Ламина“, Александра Лукиќ-Камиловска, вели дека издавачката куќа постојано ја следи својата општествено одговорна мисија без разлика на меѓународните денови и дека ова е донација што во иднина е во план да прерасне во соработка со ЕСЕ.

– Искрено ја поддржуваме мисијата на Здружението и токму поради тоа одлучивме да донираме книги за овие храбри жени кои одлучиле да свртат нов лист во животот. Веруваме дека не е едноставно, но сакавме во рамките на нашите можности да им дадеме до знаење дека имаат пријател и поддржувач нивната борба – посочи Лукиќ-Камиловска.

Децата ги добија книгите: „Пчеличката Маја и пријателите“, „Мојата прва цртанка“, „Лажната оса“ и „Судоку 4X4“ од Билјана Црвенковска. Додека, за жените беа одвоени делата: „Инспирирај се за промени“ од Радмила Костова-Мила, „Уметноста на едноставното живеење“ од Шунмио Масуно, „Психосоматика“ од Билјана Велковска и „Зошто јас?“ од Мартин Јованоски.

– Упатуваме голема благодарност до „Арс Ламина“ за донацијата во книги за жените кои претрпеле семејно насилство и нивните деца. Сметаме дека издавачката куќа претставува пример за другите компании во однос на препознавањето на семејното насилство, обезбедувањето поддршка на жените кои претрпеле семејно насилство и развивањето на општествена одговорност за прашања што ги засегаат жените – изјави Стојан Мишев од Здружението ЕСЕ.

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ е граѓанска организација, основана во 1994 година. Работи на локално, национално и во регионот на централна и југоисточна Европа во соработка со партнерски граѓански организации. Фокусот е на подобрување на имплементацијата на социјалните и економските права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги; обезбедување на еднаков пристап до правда и унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјалните и економските права.

ПР објава


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии