Изет Меџити: Да бев на местото на Заев ќе ги прифатев оставките
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2021
Пратеникот на ДУИ, Изет Меџити, во изјава за ТВ21 вели дека би ги прифатил оставките на министерот за здравство Венко Филипче, неговиот заменик Илир Хасани и двајцата директори на тетовската болница по трагичниот пожар во кој загинаа 14 лица.
Поранешниот функционер од редовите на „Интегративците“ вели дека кога би бил на местото на премиерот Зоран Заев, би ги прифатил оставките и најави дека и во самото Собрание како пратеник ќе го каже своето мислење на говорница.
– Да сум на местото на Заев, би ги прифатил оставките – рече Меџити.
Сепак според Меџити, добро е што овие функционери веќе поднесоа оставки од морален аспект.
– Ова покажува дека има демократски вредности и тоа се случува во демократските земји, вели тој.