29 Септември, 2024
0.0247

Изгласани законските измени, каматите не може да бидат поголеми од долгот

Објавено во: Економија 18 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Пратениците од параламентарното мнозинство денеска ги усвоија законските измени: со кои каматата нема да може да биде поголема од долгот.

Со измените во Законот за облигациони односи и Законот за извршување, казнената камата нема да може да биде поголема од долгот. Дополнително, се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.

„Конечно ја прекинуваме праксата граѓаните да плаќаат 10 пати поголем износ отколку што навистина должеле. За жал пратениците од ДПМНЕ и Левица не гласаа за овие законски измени со што уште еднаш ја покажаа својата незаинтересираност за потребите на граѓаните“, објави СДСМ веднаш по гласањето.

И претставниците од невладините здруженија велат дека измените, како што се ветуваат ќе значат најпосле крај на „дивеењето“ на извршителите, кои знаее и по десетпати повисоки суми да има наплатат на граѓаните кои изумиле или не успеале да платат некој долг.  

Сегашното решение од 10 години застареност им даваше можност на извршителите да манипулираат со извршувањето и да го одолговлекуваат, а граѓанинот должник да биде принуден на крајот да плати висока сума за камата која во одредени случаи можеше да биде и 100 пати повисока.



Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија