ИЗГЛЕДА СТИРОПОРЕЦОТ ОД БУДИМПЕШТА ИМА ВЛИЈАНИЕ: Жерновски вели дека Мицкоски зборувал контра ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 23 Август, 2025 06:10
Поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, на социјалните мрежи коментираше дека премиерот Христијан Мицкоски критикувал одлука предложена од Александар Даштевски, член на Државната изборна комисија предложен од ВМРО-ДПМНЕ.
„Видно вознемирен од одлуката на ДИК независните кандидати да може да се кандидираат за градоначалници и советници со само два потписа од граѓаните, премиерот Мицкоски резигнирано коментираше дека ова ќе доведе до зголемување на бројот на кандидати и дека ќе го направи гласачкото ливче долго и збунувачко. За да биде уште поделикатно, на крајот додаде дека ако изборите биле неуспешни, Владата имала уставно и законско право да именува свои повереници во општините. И така, додека премиерот ламентираше дека гласачкото ливче ќе станело 7 – 8 метри долго, на нас, докажаните домашни предавници, ни текна да провериме како поединечно гласале членовите на ДИК. Кога, ете нова беља:
Неговите сопартијци не само што гласале ЗА, туку испадна дека одлуката, која Мицкоски толку ревносно ја критикува, била донесена на предлог токму од членот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Даштевски. Сега веќе се поставува прашањето знае ли Мицкоски што се случува во неговата ВМРО-ДПМНЕ и дали воопшто партијата е “негова”? Знае ли дека има мнозинство во комисијата? И обратно, знаат ли во Белата палата дека нивниот претседател е против решението и одлуката на нивните членови во ДИК“, пишува Жерновски.
Според него, самиот правилник е предложен од човек кој како претседател на комисијата против дискриминација дал мислење дека Груевски ќе нема фер судење во Македонија.
„Загрижен сум дека одговорот ќе мора да го побараме многу подлабоко. Самиот факт што фамозниот правилник, кои овозможува кандидатура со два потписи, е предложен од човекот кој од позиција на претседател на комисијата против дискриминација даде мислење дека Груевски, наводно, ќе нема фер судење во Македонија, го отвора прашањето дали Мицкоски е на власт во државата, но е опозиција во својата партија. По се изгледа, стиропорецот од Будимпешта сѐ уште има силно влјание во палатата кој самиот ја изгради“, пишува Жерновски.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




