05 Декември, 2025
0.0606

Изгоре фабриката Винчини во Виница, неизвесна судбината на најмалку 400 работници

Објавено во: Економија 07 Септември, 2025 09:13

Добивај вести на Viber

Најмалку 400 работници од фабриката за кондиторски производи Винчини од Виница остануваат на улица, откако синоќа до темел изгоре производствениот погон, магацините полни со роба и административниот дел од фабриката,  информира регионалната телевизија ТВ Стар.

Ова за економијата во Виница е најголем удар досега бидејќи Винчини вкупно вработува 500 лица. За 100 - тина од нив работен ангажман ќе има во дисперзираните погони но останатите се во комплетна неизвесност.

За сопствениците штетата е милионска, а точната сума ќе се знае откако на лице место ќе излезат проценителите од осигурителните компании.

Винчини располагаше со високо софистицирана роботска технологија за производство што овозможуваше извоз во 54 земји во светот.

Винчини е најголем извозник на кондиторски производи во државата, а извозот лани бил во вредност од 35,8 милиони евра.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески синоќа бил известeн од сопственикот на Макпрогрес Виница, Глигор Цветанов, дека во фабриката има пожар. Од Стопанската комора на РСМ информираат дека веднаш била алармирана Владата, премиерот, како и вицепремиерот и министер за транспорт и дека три клучни погони се целосно уништетни.

„Стопанската комора изразува жалење за ваквата трагедија која ќе остави длабока трага врз работењето на една од најуспешните извозни компании во Македонија, во групата на најпознати компании во кондиторската индустрија, препознаена по брендот „Винчини“. Макпрогрес Виница е истакната наша членка која предничи со своите активности и во работењето на Комората, и во градењето деловен амбиент во државата. Членови на сопственичката структура секогаш се наоѓале  во врвот на раководството на Стопанската комора“, информираат од таму.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката