Изготвена меѓународна потерница за Груевски
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2018
Издадена e меѓународна потерница за поранешниот премиер, Никола Груевски.
Судот го донесе решението за меѓународна потерница за Груевски и таа стапува на сила веднаш.
Полицијата веќе ја изготви потерницата и на својот сајт од национална ја смени во меѓународна.
МВР потврди дека тој е во Унгарија. Попладнево од унгарската полиција тоа им е потврдено.