Изготвени првите извештаи за спомениците и градбите на проектот „Скопје 2014“.
Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2018 10:24
Претседателот на Асоцијацијата на архитекти Мартин Пановски, кој беше дел и од комисијата за анализа на Скопје 2014, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, истакна дека се изготвени првите извештаи за спомениците и градбите на проектот „Скопје 2014“.
- Досега се изготвени извештаите за „Воинот на коњ“, „Порта Македонија“ и онаа скулптура што е кај Министерството за транспорт и врски, каде што е фамилијата на Александар Македонски. За жал сè уште не можеме да ги добиеме, толку е замрсена работата, што проектите не можат да се добијат, бидејќи не се знае каде се. Процедурално се водени така што одлуката на општината е под едно име, проектот е со друго име, дозволата е со трето име - изјави Пановски.
Тој додава дека Владата е таа која во индина мора да одлучи дали ќе ги легализира или ќе ги прогласи за дивоградби овие зданија.
- Евидентирано е дека процедурите од почеток се противзаконски, на тој начин всушност сите градби кои што се од Скопје 2014, овие што сме ги истражиле досега, можеме да сметаме дека се дивоградби. Од самиот почеток онаа надлежност што ја има за поставување на споменици, ниту едно не е преку Собрание, кое што е надлежно за поставување споменици, сите скоро се поставени или од Општина или од Град Скопје, од тој момент натаму сè би требало да биде ништовно - вели Пановски.Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




