18 Декември, 2025
0.0539

ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ДО ОХРИД ЌЕ ПОСКАПИ, НО НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ: Мицкоски, Николоски и Трајановски повторно на увид на градежните работи

Објавено во: Македонија 14 Август, 2025 13:02

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на ЈП за Државни патишта, Коце Трајановски повторно отидоа на увид на градежните работи на автопатот Кичево-Охрид, овојпат на делницата Климештани-Охрид, каде според нив, активно се работи на секој метар од патот.

„Активно се работи од Климештани од Охрид на секој метар. Сите сме сплотени за да може оваа делница да ја пуштиме што поскоро. Гледано од Кичево кон Охрид, се бетонираше потпатникот. Активно таму се асфалтира и очекуваме за неколку дена и тие километар ипол да бидат асфалтирани, со што целата лева лента од Климештани до Охрид ќе биде затворена со асфалт и ќе може да се вози по неа“, рече Трајановски.

Министерот за транспорт и врски посочува дека овој пат бил проектиран без ниту еден излез и ниту еден потпатник.

„Со потпатниците, надпатниците и излезите се решаваат сите села. Нема да има село или населено место кое нема да е споено или директно на автопат или со пристапен пат. Крајниот рок е 2026 година, така е по договор и така ќе биде“, рече Николоски.

Според премиерот Мицкоски, има успешен проект кој конечно ќе биде пуштен по една деценија.

„Не се знае колку ќе поскапи изградбата, бидејќи проектите се уште ги работат. Кога ќе бидат готови проектите, тогаш на јавноста ќе и биде сето тоа презентирано, но тоа се проекти кои мораме да ги направиме, бидејќи 15.000 луѓе не може да летаат од нивните населени места до автопатот“, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека се работи и на делниците Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола, кои ги гради „Бехтел и Енка“. 

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми