05 Декември, 2025
0.2436

ИЗГУБЕНА ГОДИНА ЗА АГРАРОТ: Поплавите го уништија земјоделскиот род, но и квалитетот на почвата!

Објавено во: Агробизнис 08 Февруари, 2015 08:16

Добивај вести на Viber

Поплавите не само што ги уништија дел од земјоделските прозиводи, туку ќе предизвикаат и сериозни штети врз квалитетот на почвата, укажуваат агроекспертите. Неизвесно е дали поплавените површини откако ќе се повлече водата ќе го имаат истиот квалитет и потребни хемиски елементи за повторно садење на земјоделски култури. Токму затоа агроекспертите од оваа област порачуваат веднаш што се повелече водата да се направат агроехемиски и педолошки анализи, за да се види составот, квалитетот на почвата и да се знае понатаму какви ѓубрива или мерки ќе треба да се применуваат. -Состојбата е сериозна во смисла на тоа што од една страна се губи почвена маса поради ерозија, а од друга страна веќе обработливите површини се поплавени и погребани со наноси. Дури по повелкувањето на водата и дренирањето ( ослободувањето на почвата од вода), значи кога кога ќе има услови и ќе може да се влезе во обработливите површини би требало да се земаат почвени проби за анализа и да се види каква е состојбата и плодноста на почвата односно содржината со хранливи елементи, хумус, реакција на почвата, присуство на крабонати во зависност па дали можеби на веќе плодните површини е донесен неплоден нанос, можно е да се јават и крупни скелетни честици, во зависност повторно ќе кажам за каков материјал односно нанос е донесен. Испитувањата што би следеле после овие поплави се повеќе од потребни, бидејќи треба да се види дали постоечките површини се покриени со плоден или неплоден нанос и оттука да се добијат информации за потребата од употреба на ѓубрива или други мерки според добиените резултати, вели професор д-р Татјана Миткова, раководител на Институтот за животна средина при Факултетот за земјоделски науки и храна. За земјоделците, почвата заедно со атмосферата, претставува средина во која растението живее и дава приноси. Почвата е ограничен природен ресурс, кој е тешко обновлив, а лесно уништлив. Поради поплавите многу површини со жита особено во Пелагонија се уништени. Но токму поради ваквите состојби експертите, советуваат земјоделците да не штедат на педолошките и агрохемиските анализи. -Без добро познавање на почвата не може да се примени ниту една агротехничка или мелиоративна мерка, едноставно не може да се направи правилен избор на култури кои успешно ќе се одгледуваат според условите на теренот.Педолошката анализа е неопходна, посебно за повеќегодишните култури, односно кога се во прашање подигање на лозови или овошни насади. Една почва за да биде плодна не треба да биде само обезбедена со хранливи елементи. Таа треба да биде и продуктивна. Тоа значи дека во текот на целата вегетација почвата треба да им обезбеди на растенијата навремено и во оптимални количества, хранливи елементи, но и вода, воздух, топлина. Таа треба да претставува механичка потпора, и да ги штити растенијата односно да нема присуство на штетни материи, кои во даден момент можат да го попречат нормалниот развојот на растенијата, вели професорката Миткова. И од Федерацијата на фармери порачаа после повлекувањето на водата задолжително  да се направат педолошки и агрохемиски анализи за да се види квалитетот на почвата. Дополнително побараа на земјоделците  кои претрпеа штети од поплавите да им се дадат ваучери за набавка на репроматеријали. -ФФРМ апелира земјоделците да ги пријават до надлежните институции штетите кои им се направени од страна на невремето.На површините зафатени од поплавите да се направат педолошки и агрохемиски анализи, за да се види составот на почвата, како и да им се дадат соодветни совети на земјоделците за понатамошни активности кои треба да ги преземат за зачувување на квалитетот на почвата, односно почвата да биде во добра производна кондиција. На земјоделците трба да им се дадат  ваучери за репроматеријали, зависно од големината на површината и културата  и тоа препарати, ѓубрива, гориво за земјоделска механизација, расаден материјал и друго, велат од ФФРМ. Новите дождови ја отежнаа состојбата Pоплавени куќи, имоти, дворови, земјоделски површини, угинат добиток, ова е епилогот од поплавите кои ја зафатија Македонија изминатиов период. Новите дождови ги потопија земјоделските површини. Најкритично е во пелагонискиот регион каде што многу површини со жита се под вода. Извесно е дека од поплоавените површини нема да се произведе ниту зрно. -Овие поплави што се случија не само во Пелагонија туку во цела Македонија, се катастрофални за земјоделското производство, последиците се несогледливи.со сигурност ќе имаме намалување на произведеното количество на пченица, особено ако се има во предвид  дека од една страна 5 до 6 илјади хектари во Пелагонија се поплавени а од друга страна околу 9.000 хекатри не се посеа со есенската седиба. Дефинитивно пролетната седиба ќе задоцни бидејќи не може да влезе во нивите за да се почнат подготовките, а состојбата може и да се влоши бидејќи се најавуваат нови дождови. Да беа временските услови добри, веќе требаше да биде почната седибата на сончогледот, пченката, јачменот, сега се ќе се пролонгира. Ова што сега се случува е многу полошо од тоа што го очекувавме. Само за пример, ако житата се три дена се под вода почнува оштетување на листовите од растението, но после три дена целиот коренов систем скапува. Штетите ќе бидат огромни а лошото е што не можат да се надоместат. Сега требаше да почне прихраната на есенските култури, но не може да се влезе во нивите. Од друга страна постои опасност од појава на болести, штетници. Штом престанат дождовите и кога ќе се повлече водата, треба веднаш да се почне со прскање против плевели и болести, вели Огнен Оровчанец, сосптвеник на “Агроунија”. Поплавите предизвикаа големи штети и во штипско-кочанскиот, струмичкиот и кумановскиот регион. Според прогнозите на Управата за хидрометеролошки работи деновиве не очекува променливо облачно време со локални врнежи претежно од снег со слаб интензитет. Штетите се милионски и допрва ќе се пресметуваат. Во земјоделството доцнењето на  на пролетната сеидба ќе влијае врз намалување на производството, а со тоа и на понудата на храна на пазарите, но и на цената на производите. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?