06 Декември, 2025
0.0993

Излезе „е-Бонтон“ прирачникот за убаво онлајн однесување

Објавено во: Мои пари 28 Јуни, 2013 12:41

Добивај вести на Viber

Излезе од печат првиот македонски „е-Бонтон“ прирачник со 100 правила за добро однесување на интернет, проект кој се реализираше од страна на Фондацијата „е-Македонија“ на Македонски Телеком. На 27, 28 и 29 јуни  пред книжарниците ТРИ,  Табернакул, Матица и Култура, промотивно ќе биде поделена првата количина од прирачникот на случајните минувачи, со што и граѓаните ќе имаат можност да го видат  првиот македонски прирачник за електронска комуникација, во кој сите правилата се предлози на граѓани кои сакале да одговорат на повикот на Фондацијата и да се вклучат во проектот.

По истекот на овој промотивен период, граѓаните бесплатно ќе можат да го добијат „е-Бонтон“ прирачникот за електронска комуникација во сите Телеком продавници во Македонија, кој е во ограничен број.

Но, за сите оние кои нема да успеат да дојдат до печатената верзија на овој прирачник, тој ќе биде достапен и во електронска верзија на сајтот на е-Бонтон: www.ebonton.mk, како и на на интернет страницата на Фондација „е-Македонија“, www.e-makedonija.org.mk, на веб страницата на Македонски Телеком и на  порталот Идивиди,.

Фондацијата „е-Македонија“ минатата година во декември започна со реализација на проектот „е-Бонтон”, со цел создавање на правила за убаво однесување во електронската комуникација и подигнување на јавната свест за начинот на кој луѓето комуницираат преку социјалните мрежи.

Фондацијата креираше своја веб страница www.ebonton.mk  и Фејсбук фан страница „е-Бонтон“ која беше отворена за сите оние што сакаа да споделат свое правило за да се креира прирачникот. Од многуте предлози, се избраа 100-те најуспешни објавени во него. Проектот беше поддржан и од невладината организација Метаморфозис, Младинскиот отворен форум и Високата школа за новинарство и односи со јавност.

„Драго ни е што проектот „е-Бонтон“ наиде на одличен прием кај нашите сограѓани, особено кај оние кои секојдневно се вклучени во интернет комуникацијата. Им се заблагодарувам на сите кои учествуваа, испратија свое правило и на тој начин истакнаа што според нив е добро, а што треба да се промени во нашето однесување во виртуелниот простор. Благодарение на нивните лични искуства, совети и предлози Фондацијата го креираше првиот прирачник од ваков вид во Македонија со цел да се подобри електронското општење и  да послужи како корисна збирка на правила за етичко однесување и комуницирање на интернет. На овој начин, се надеваме, ќе придонесеме до значајно подобрување на комуникацијата и меѓусебното разбирање во онлајн заедницата”. – изјави Радмила Јончевска, директор на Фондацијата „е-Македонија“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј