Излезе фантомски список со Македонците кои се враќаат од Малта со чартерот на Владата
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Март, 2020 06:49
Список со 148-те Македонци за чие враќање од Малта во државата се организира специјален чартер лет од Владата осамна на социјалните мрежи. Листата предизвика негодување кај македонските работници во малата медитеранска земја, бидејќи на листата ги има имињата и презимињата, како и телефонските броеви, додека прецртани се единствено броевите на пасошите. Засега, никој не знае кој го издал овој список, а на истиот се лица кои се согласиле да бидат 14 дена во државен карантин
Владата го објави повикот за организирање авионски превоз за пренесување на македонските граѓани од странство за дестинации за чартер-летови Малта – Скопје со кој ќе бидат превезени 148 патници и Загреб – Скопје со кој ќе бидат превезени 226 патници за сите оние кои не сакаат да останат заглавени додека траат вонредните мерки.
Крајниот рок за организарање на летовите треба да биде до петок до 12 часот. Лицата кои ќе се вратат со овие летови се согласуваат да потпишат договор со Владата дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет и дека се согласни да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена во Македонија.
Лицата ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин. Во рок од 15 дена од денот на пристигнувањето треба да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор.
„Договорот помеѓу патниците и Владата на Република Северна Македонија, во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија има својство на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорната страна“, објавија од Владата.
Според информации за летот кои се споделуваат во Малта, истиот треба да се организира најдоцна до петок и е директен, односно не се слетува во други држави или градови. Цената на билетите е паушална според најавите на Владата. Доколку патниците подлежат на тест за корона, тој е бесплатен, а исто така и карантинот не се плаќа.
Скопскиот аеродром е затворен за сообраќај до 23 Април и ниеден комерцијален лет во тие дати нема да се реализира Досега се пријавени 148 патници од Малта. Списокот со нивните имиња за кратко време беше тргнат од социјалните мрежи. Официјалната комуникација оди преку македонската амбасада во Рим.
А.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





