Излезе Новогодишниот шопинг магазин на Skopje City Mall: Сè што сакам за овие празници
Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2015 13:14
Со приближувањето на Новата година расте еуфоријата и позитивното расположение меѓу сите нас. Во овој период од годината семејствата заедно го поминуваат слободното време шетајќи по убаво накитените продавници обидувајќи се да ги искористат предновогодишните попусти за да си купат нешто убаво за себе или пак да изненадат некој свој близок со подарок.
Skopje City Mall секогаш се труди да ги следи светските трендови, па така токму за време на предновогодишните празници го промовираше својот шопинг каталог, коj овојпат излезе како интернет издание, а од 2016-та истиот ќе добие и печатена форма. Ова празнично новогодишно издание претставува подарок за секој од вас, спакувано со искреност и панделка за најубави желби, подароци за вас и вашите најмили.
Во новогодишниот шопинг магазин на Skopje City Mallможете да прочитате нешто повеќе за светските модни трендови кои ги има кај нас и да си најдете ново парче облека, да го најдете совршениот подарок за вашите блиски, да дојдете до интересна идеја како празнично да го украсите домот и да ја погледнете фото сесијата со нашиот популарен музичар, Бени Шакири и рокенрол клинците. Со овој новитет Skopje City Mall им овозможува на сите граѓани да го исполнат своето секојдневие и притоа без многу напор да ги дознаат сите промоции, новитети, акции, настани, продавници и се што е поврзано со нашиот најголем шопинг центар.
[gallery ids="193184,193185,193186"]Погледнете го Новогодишниот шопинг каталог на вашиот компјутер или мобилен телефон на следниот линк: http://www.skopjecitymall.mk/magazin
Среќни празници!
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете






