ИЗМАМА: Вакцинирале ризични групи со празни шприцеви
Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Февруари, 2021
Во Бразил луѓе биле излажани дека се вакцинирани против коронавирусот.
Полицијата отвори истрага откако се појавија информации дека многу луѓе од ризични групи се излажани дека се вакцинирани. Откако на социјалните мрежи се појавија видеа од здравствени работници кои вакцинираат стари лица со целосно празен шприц, полицијата апелираше до властите да помогнат во напорите да се дознае што навистина се случило. Во Рио де Жанеиро досега се откриени три случаи на, како што локалните медиуми ги нарекуваат „инјекции со воздух“, во кои здравствените работници вакцинирале од празни шприцеви.
Бразил е земја со потврдени скоро 10 милиони случаи на Ковид -19, а починаа над 242.000 луѓе.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.