Добивај вести на Viber
Голем број авиони утре нема да летнат од аеродромот во Загреб бидејќи вработените започнуваат штрајк. Според хрватските медиуми, штрајкот е потврден од синдикатите и ќе се одвива во три фази, зависно од тоа како надлежните ќе реагираат на нивните барања.
Мотото на штрајкот е „Господа, нема да се оди” , а синдикалците најавуваат дека 90 отсто од вработените нема да работат.
„Од утре во 10 часот комерцијалните летови ќе бидат прекинати. Исклучок се вонредните случаеви”, најави Анте Дуиќ, претставник на синдикатот кој им се извини на патниците и побара поддршка.
Според планоте, една третина од летовите утре ќе се одвиваат во редот за летање. Измени или укинување се најавува за повеќе линии, а патници со автобуси ќе бидат пренесени кон аеродромот во Сплит.
На страната www.croatiaairlines.hr, веќе е објавен изменетиот ред на летање, а патниците ќе можат да побараат бесплатна замена на картите за друг лет на Кроација Еарлајнс, во рок од 6 месеци или да бараат враќање на парите назад.
За штрајк вработените се одлучиле откако пропаднале обидите за помирување со Управата на аеродромот Загреб, концесионерот и Министерството за поморство, сообраќај и инфраструктура.
Штрајкот ќе трае до полноќ, јавуваат хрватските медиуми.