Добивај вести на Viber
Изменет режим на сообраќајот се воведува во недела на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, јавува Град Скопје.
Според најавата, ваков режим ќе има од Центар кон Карпош, во близина на Млечен ресторан, а причина е тоа што јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе работи на одстранување дефект на водоводна мрежа.
Активностите ќе почнат во 8 часот и ќе траат до одстранување на дефектот. Надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај.