29 Септември, 2024
0.0264

Измени и поволности во Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште

Објавено во: Економија 04 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Со последните измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, кои ги донесе Собранието на Република Македонија и кои треба да стапат на сила на почетокот на наредната недела се предвидуваат повеќе поволности за граѓаните на Република Македонија, соопштуваат од Агенцјата за катастар на недвижности .

Тие велат дека, најпрво им се дава можност на физичките лица кои правото на користење на градежното земјиште го стекнале со надомест, како и поранешните сопственици на градежното земјиште, да приватизираат во рамките на запишаното право на користење, во услови кога нема Детален урбанистички план или друг акт за урбанистичко планирање со кој се дефинира градежна парцела.

Досега оваа можност да го приватизираат градежното земјиште во површината што им е запишана во имотен лист им беше дадена само на поранешните сопственици на градежното земјиште, а сега го прошируваме опфатот и со физичките лица на кои во минатото им било дадено земјиште на користење со цел на истото да изградат куќа или друг објект и за ова платиле одреден надомест. Поради тоа овие граѓани за приватизацијата на земјиштето нема да треба да плаќаат никаков надоместок.

Една од новините во овој закон е тоа што се воведува посебна постапка со која се решава проблемот на голем број поранешни сопственици на градежно неизградено земјиште кои не поднеле барање за приватизација до истекот на крајниот рок за поднесување на барања, односно до 15.12.2014 година. Имено, поранешни сопственици, кои се запишани како корисници на градежно неизградено земјиште, најдоцна до 15.06.2016 година до Агенцијата за катастар на недвижности ќе можат да поднесат пријава за промена на правото на користење на градежното неизградено земјиште во право на сопственост по сила на закон. За начинот на кој граѓаните ќе можат да ги остварат своите права преку оваа постапка.

 Кон пријавата граѓаните мора да  приложуват:

- доказ за идентификација за подносителот на пријавата (фотокопие од лична карта или патна исправа);

- правната основа, односно актот врз основа на кој е стекнато правото на користење на катастарската парцела (закон, пресуда, договор, решение, одлука на надлежен државен орган, поседовен лист и др.)

- доказ од органот надлежен за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, дека не е поднесено барање за утврдување правен статус на објект на катастарската парцела која е градежно неизградено земјиште, а за кое се однесува пријавата;

- доказ за платен надоместок за имотен лист за катастарската парцела, за уверение за историски преглед на извршените запишувања во катастарот на недвижности и за запишувањето во катастарот на недвижностите и

- Агенцијата за катастар на недвижности по службена должност од Управата за имотно-правните работи ќе обезбеди доказ дали за градежното неизградено земјиште за кое е поднесена пријавата во катастарот веќе е поднесено барање за приватизација на градежно земјиште во до Управата за имотно правни работи.

Со оваа новина се дава последна шанса лицата кои не поднеле барање за приватизација а се корисници на градежно неизградено земјиште тоа да го направат до 15.06.2016 година и во една поедноставена постапка правото на користење на го пренесат во право на сопственост.

„Во овој закон вградени се и дополнителни одредби кои ќе придонесат за поефикасно расчистување со корисничките права на трети лица и ќе бидат од директна корист за сопствениците на објектите на градежното земјиште. Имено, голем е бројот на предметите во одделенијата на Управата за имотно правни работи каде што на земјиштето изградена е куќа чиј сопственик има поднесено барање за приватизација, но на земјиштето запишано е туѓо корисничко право, на лице што на тоа земјиште не поседува никаков објект. Во ваквите случаи, токму преку одредбите што ги воведуваме, многу побрзо сопственикот на куќата ќе го приватизира и ќе стане сопственик и на земјиштето на кое е изградена куќата.

Со измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост се предвидува и електронско поврзување на Управата за имотно-правни работи и Агенцијата за катастар на недвижности. Во тек се процедурите за потпишување на Договорот за користење на електронскиот шалтер на Агенцијата и по неговото потпишување и завршувањето на обуките за неговото користење очекуваме од 01.10.2015 година Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за имотно правни работи да работат исклучиво по електронски пат. Тоа практично значи дека сите потребни докази кои Управата ги бара од катастарот по службена должност како што се Уверението за движење на парцелите, Копието од катастарскиот план и Имотниот лист, сега ќе ги обезбедува електронски а по донесувањето на Решението за приватизација и добивањето на неговата правосилност заедно со пријaвите за запишување и доказот за платен надоместок  по електронски пат ќе ги   достави до  Агенцијата за катастар на недвижности за негово запишување.

Ова значи дека 01.10.2015 година нема повеќе граѓаните и правните лица да бидат упатувани од шалтерите на Управата до шалтерите на катастарот и обратно туку целокупната коресподенција и запишување на приватизираниот имот меѓу двете институции ќе биде исклучиво електронски“, стои во соопштението на Агенцијата за катастар.

 Значајна новина која исто така ќе се реализира по електронски пат, е создавањето на законска можност градежното неизградено земјиште кое не е опфатено со актите за урбанистичко планирање, односно е вон плански опфат, а на кое право на користење имаат физички и правни лица, врз основа на Заклучок донесен од страна на Управата за имотно правни работи, Агенцијата за катастар на недвижности да изврши промена на правото на користење во право на сопственост.

Ова практично значи дека сите граѓани кои имаат корисничко право на неизградено градежно земјиште а истото е надвор од Генералниот урбанистички план односно нема донесен никаков план на брз и ефикасен начин врз основа на донесен Заклучок од Управата да го приватизираат земјиштето.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија