19 Декември, 2025
0.0861

Неограничен интернет за неверојатно 5G искуство

Изненaдување за сите корисници на мобилната телефонија преку Мојот А1

Објавено во: Мои пари 05 Септември, 2022 12:43

Добивај вести на Viber

Со иновативни дигитални решенија, богато конвергентно портфолио, најатрактивни понуди во мобилната телефонија и воведување на револуционената 5G технологија со што најбрзата мобилна мрежа станува уште побрза, А1 одбележува три години присуство на македонскиот пазар. За таа цел, А1 воведува нова и збогатена понуда во мобилната телефонија со најсовремени 5G телефони и супериорна услуга за неверојатно 5G искуство и воведува многу подароци преку апликација Мојот А1.

„Успехот во минатите три години го следеше патот кон вложувања во нови технологии и беше воден од нашата желба да ги надминеме очекувањата и да ги пресретнеме потребите на нашите корисници. Затоа со задоволство ја најавувам најновата септемвриска понуда со која корисниците добиваат можност за неверојатно 5G искуство, можност да изберат нов 5G смарт уред од богатото портфолио на А1, но и со комбинирање на услугите во А1 Combo да добијат услуги за суперирорно корисничко искуство по најповолни услови”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

Со септемвриската роденденска промоција, сите корисници на пакетите А1 Nova M до A1 Nova XXL, автоматски ја добиваат можноста да ги искусат бенефитите на 5G мрежата. Корисниците пак на преостанатите тарифни модели пристап до 5G можат да добијат со едноставно активирање на еден од дополнителните пакети и тоа: месечен 5G пакет со неограничен интернет за само 599 денари и месечен 5G пакет за само 99 денари кој овозможува 5G согласно месечниот мобилен интернет вклучен во тарифата на корисникот.

„Мотото „Секој твој свет” останува да биде синоним за сè она што А1 го креира во своето портфолио. Накусо ги опишува остварените ветувања кон нашите корисници – да добијат комуникациски решенија што им се најпотребни, да сурфаат неограничено на најбрзата мобилна мрежа, да зборуваат неограничено, а преку понудените дигитални решенија да ги искусат придобивките од дигитализацијата во секојдневниот живот”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

За да можат да ја користат супериорната 5G технологија, корисниците треба да поседуваат уред што поддржува 5G и да се наоѓаат во подрачје што има 5G сигнал. А1 Македонија интензивно работи на проширување на 5G мрежната покриеност насекаде низ земјата, а во моментов таа го опфаќа урбаниот дел на град Скопје. Деталната листа на уреди е достапна на официјалната веб страница на А1.

Како надополнување на роденденската промоција, A1 Македонија за сите свои корисници во мобилната телефонија обезбедува изнендување преку последната верзија од апликацијата Мојот А1.

„Важните моменти секогаш ги славиме заедно со нашите корисници па така и овој септември сите корисници на мобилни услуги добиваат своето А1 роденденско изненадување”, заклучи Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии