Добивај вести на Viber
Израелската компанија „Бен Дор“ е заинтересирана во Македонија да развива нови сорти овошје. Претставници на компанијата денеска се сретнаа со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и со министерот за странски инвестиции Џери Наумоф.
Оваа фирма сака да постави логистички центри за да ги испита можностите и пазарот, а потоа и да започне со сопствено производство на единствени сорти на сливи, круши, кајсии, јаболка и праски. Годишно, во првата фаза, компанијата има намера да произведува по 10.000 тони вакво овошје на пазарот.
Израелците оцениле дека Македонија има добра местоположба, а климатските услови се повеќе од поволни за овој бизнис. Имаат намера да отворат и центар за пакување и ладилници во соработка со постоечките производители во државата.
Компанијата „Бен Дор“, информира Министерството за земјоделство, во текот на неделата ќе ги посети Демир Капија, Гевгелија, Валандово и Росоман, чиешто поднебје и клима се поволни за одгледување овошје.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: