ИЗРАЕЛЦИТЕ ЛИДЕРИ: Натанјаху најави дека за месец дена ќе се справат со епидемијата
Објавено во: Свет, Корона Вирус 08 Март, 2021
До крајот на април Израел ќе се справи со епидемијата.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел ќе излезе од епидемијата на коронавирусот до крајот на април. Тој додаде дека во Израел ќе се градат фабрики за производство на вакцини. Изјавата ја даде за време на средба со жена која е петмилионит вакциниран жител на Израел. Нетанјаху го оцени тоа како големо достигнување за Израел, која, како што изјави, е првата земја во светот што ќе излезе од пандемијата на коронавирусот. Владата ќе набави десетици милиони вакцини со цел да се одржи економијата. Бројот на дневни смртни случаи во Израел се намалил за 71 процент, а бројот на тешки случаи за 45 проценти во споредба со средината на јануари.
Израел прогласи победа над коронавирусот. Но, маските ќе мора да се носат уште некое време.
Повеќе од сто лица вакцинирани против коронавирусот присуствуваа деновиве на концертот на отворено кој го организраа градските власти на Тел Авив, кој беше првиот концерт одржан од избувнувањето на пандемијата пред една година. Претходно, земјата беше и во целосен карантин за да го сузбие ширењето на вирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.