Израелски експерти ги детектираат проблемите во македонско земјоделство
Објавено во: Агробизнис 25 Јуни, 2013 18:26
Израелски експерти ги советуваат македонските земјоделци, како да го подобрат своето производство. Според нив, за подобрување на земјоделството по бербата на родот, на производителите им треба подобра едукација, помош од науката и секако државна поддршка, како три клучни фактори.
Израелците порачаа дека неоходно е во целиот процес на усовршување на земјоделските практики да се вклучи бизнис секторот.
„Слабости има во делот на калибрирањето, сместувањето, разладувањето, пакувањето. Експертите тоа го воочија. За поквалитетни постбербени активности ни е потребен посеопфатен пристап, нивните сугестиите се во тој правец“, изјави по средбата министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
За шефот на Институтот за технологии и чување земјоделски производи „Волкано“, Елазар Фалик, не мора да се почне со примена на висока технологија на самиот почеток.
„Понекогаш ниската технологија е поважна од високата за подобрување на практиките во постбербениот период“, истакна Фалик кој додаде дека најважно е работите да тргнат напред и изрази надеж дека во Македонија за краток период ќе се постигне бараниот висок квалитет на свежите производи.
Израелските експерти побараа соработка на сите засегнати страни, во која треба да се вклучи владата, но заедно со приватниот сектор. Како голем проблем Израелците ја посочија и стандардизацијата на производите.
Македонско-израелскиот проект за унапредување на нашиот аграр трае една година. Фокусот е ставен на произведувањето семе и саден материјал од зеленчукови растенија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





