ИЗВАШТАЈ НА ИЈЗ: Новозаразени со Ковид-19 се регистрирани во 28 града во последната недела на јули
Објавено во: Македонија 05 Август, 2020
Последниот
извештај на Институтот за јавно здравје за неделата од 27.јули до 2.август покажува
дека новозаразени граѓани со
корона вирусот се регистрирани во 28 града, при што најголем процент на
новозаболени има во Скопје (27,9% – бележи благо намалување три недели по ред),
во Штип (12,2%) и во Гостивар (11,2%). Во 19 градови во земјата, за истиот
период, бројот на новопотврдени случаи е под 20. Извештајот покажува и дека во воследната недела најули се
регистрирани 29 смртни случаи, што е намалување од 14,7%, во однос на претходната недела.
-Најголем дел од случаите се лица над 60 години – 75,9%. Во болнички услови се починати 24 од случаите, а пет вон болнички. Кај 23 од смртните случаи (79,3%) се регистрирани претходни коморбидитети, се наведува во извештајот на ИЈЗ.
Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27. јули до 2. август се лица над 60 години, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Министерството за здравство соопшти дека продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи и значително зголемување на бројот на оздравени лица, во однос на претходната недела, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје објавен денеска за периодот од 27 јули до 2 август. МЗ, исто така, соопшти дека R0 факторот на преносливост на вирусот покажува позитивен тренд на намалување, кој изнесува 0,9, а во континуитет речиси еден месец е околу 1.
Институтот за јавно здравје известува дека од 27 јули до 2 август се направени вкупно 9.709 тестирања (146 повеќе од периодот 20–26 јули) и регистрирани се 912 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 4,6% помалку од претходната недела. Во истиот период, благо намалување има и во проценотот на позитивни од тестирани случаи, кој изнесува 9,4% (претходната недела 10% од тестираните беа позитивни).
Во однос на старосната структура на новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години – 22,9%, а поголем број заболени се регистрира и кај лицата на возраст меѓу 30-39 години – 19,4%. Во возрасната група 40-49 години се 17,9% од новозаболените, а во групата 50-59 години – 17,8%. Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години – 3,1% и 10-19 години 5,0%. Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 136 лица или 15,7%, а кај 277 лица или кај 32,2% регистрирано е присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број епидемиолошки истражени новозаболени 38,1% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 21 лице (исто како и претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена. Во периодот 27 јули – 2 август се регистрирани 1.032 оздравени лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 378 лица или 36,6% повеќе од претходната недела (20 – 26 јули).
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.