21 Ноември, 2018
0.2929
    ALK 8101    -0.01%     BESK 9200    0%     CEVI 1001    0.1%     FERS 70000    0%     KMB 5101    -1.29%

Извештај на Дуинг Бизнис за 2018: Македонија единствена средно-развиена земја во Топ-20 во светот

Објавено во: Анализа 01 Ноември, 2018

Македонија е најдоброрангирана земја во Југоисточна Европа (ЈИЕ) во последниот извештај на „Дуинг Бизнис“ на Светската банка, покрај повторното враќање во Топ-10 најдобри во светот по бројот на спроведени реформи во неколку категории. Воедно, Македонија е единствената средно-развиена економија во Топ-20 во светот во рангирањето за оваа година.

Македонија е рангирана на 10-то место, и заедно со Албанија е единствената земја во ЈИЕ што ги подобри рејтинзите во споредба со извештајот од 2018 година, објави Светската банка.

"Република Македонија го направи процесот на издавање градежни дозволи поекономичен со намалување на надоместоците за развој на земјиштето", се вели во извештајот.

Втората најдобра дестинација за водење бизнис во Југоисточна Европа е Словенија, која се рангира на 40.позиција, три места помалку од минатата година, по што следи Косово на 44 место, Молдавија, 47 и Србија, 48.

Извештајот опфаќа 190 економии. Ги мери регулативите кои влијаат врз животот на бизнисот, како што се започнување на бизнис, справување на градежни дозволи, стекнување на електрична енергија, регистрирање на имот, добивање кредит, заштита на малцинските инвеститори (акционери), плаќање на даноци, прекугранично тргување, спроведување на договори и решавање на несолвентност

"И покрај пролонгираната политичка криза, Република Македонија и понатаму останува една од највисоко рангираните економии, во однос на леснотијата на водење бизнис", рече Марко Мантованели, државен директор во Канцеларијата на Светската банка во Скопје. "Ова е добредојдена вест, но важно е да се разгледа целата палета на фактори и политики кои влијаат на квалитетот на деловното опкружување и националната конкурентност на економијата и кои не се зафатени од Doing Business, со цел земјата да ги постигне надежите - за влијание врз добивките на продуктивноста на фирмите и привлекување на повеќе инвестиции "

Определување на успесите во Република Македонија во текот на изминатите 15 години се:

- Поранешната Југословенска Република Македонија е единствената економија со среден приход во првите 20 во целокупната леснотијата на водење бизнис;

- Македонија го изврши вториот најголем број реформи (41) меѓу првите 20 во последните 15 години.

- Земјата започна со градежни реформи во 2007/08 година, со која се задолжуваше употребата на приватни инженери лиценцирани од Инженерската комора за преземање независни ревизии на градежните планови. Оттогаш, Македонија забележа значителни подобрувања во ефикасноста на регулативата за изградба, мерена од Doing Business. 

Некои од поентите што се забележуваат оваа година се дека за започнување бизнис во Македонија се потребни 14 дена, со нула денари стартен капитал и трошок од 0,9 отсто од годишниот бруто домашниот производ по глава на жител.

Потребни се 91 ден и девет процедури за градежна дозвола, 97 дена и 196,1 отсто од годишниот БДП по глава на жител за приклучок, а за стекнување имот се потребни седум процедури, 30 дена и данок од 3,2 отсто од проценката.

Кредит отплаќаат 40,7 отсто од субјектите, кај тргувањето со хартии од вредност најслаба оценка имаме за (не)достапноста на купување на акции , а со најдобра оценка сме за транспарентноста. Фирмите од профитот одвојуваат 13 отсто, губат 119 часа годишно за седум даноци (давачки). 

На граница за документација се чека два часа, но девет за царинење. За спроведување на договори се потребни 634 дена. За решавање на несолвентноста е потребно една и пол година и „жртвување“ на 10 отсто од вредноста на имотот.

(А.К.)