Извештај за 2018-та: Скопје лани бил позагаден од година претходно
Објавено во: Македонија 05 Март, 2019 12:19
Скопје се најде на 315 место во светот по загадување на воздухот во текот на целата 2018-та година, според последниот извештај објавен за земјите со највисоко загадување на воздухот во светот за 2018 година, во кој доминираат градови од Кина, Индија, Пакистан, Бангладеш, централноазиски земји и Турција.
Најзагадениот град во светот според овој извештај на Гринпис и AirVisual е Гуруграм, кој се наоѓа на периферијата на индискиот главен град, Њу Делхи. Просечниот показател за квалитетот на воздухот во овој град изнесувал 135,8 во текот на 2018 година - три пати повеќе од нивото кое Светската здравствена организација го смета за здрава.
Според извештајот, загадувањето на воздухот во 2019 година ќе предизвика околу 7 милиони предвремени смртни случаи и ќе има големо негативно економско влијание.
Климатските промени "значително ги влошуваат ефектите од загадувањето на воздухот со менување на атмосферските услови и зајакнување на пожарите" - се вели во извештајот.
Најновиот извештај покажува дека од трите илјади градови вклучени во извештајот, 64 од нив ги надминале нормалните вредности предвидени од Светската здравствена организација.
Загадениот воздух содржи хемикалии како што се сулфати, нитрати и саѓи, кои предизвикуваат белодробни и срцеви заболувања. Тие дури можат да предизвикаат рак.
Во текот на зимските месеци, Скопје честопати водеше на листа на земји со највисоко загадување на воздухот во светот. Вредноста на загадувањето на воздухот често беше алармантна.
Само во ланскиот јануари Скопје бил во нездравата зона, во ноември и декември во нездравата зона за осетливи групи, додека во останатите месеци воздухот бил поднослив. Главниот град ниту еден месец не бил во зелената зона.
Вкупно, ситуацијата се влошила со просек од 34. во 2018 во споредба со 32,5. во 2017-та.
Битола, Куманово и Тетово биле уште позагадени.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




