Извезени првите количини винско грозје од Тиквешијата
Објавено во: Агробизнис 15 Август, 2013 14:23
Извезени се првите количини винско грозје од Тиквешијата. Како што изјави претседателот на Регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” од Кавадарци Љупчо Аризанов, преку 20 тони од сортата „шардоне“ се пласираат во Албанија.
- Извозната цена за еден килограм е околу 16 денари. Интересот за извоз на македонско винско грозје е голем, а лозарите кои го продаваат грозјето на прекупувачи за извоз, парите ги добиваат веднаш, рече Аризанов.
Според него, покрај неколкуте нови винарски визби кои годинава прв пат ќе откупуваат грозје, се очекува и интересот за извоз да ја зголеми конкуренцијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





