28 Април, 2024
0.0283

Извлечени добитниците од големата наградна игра на РАМСТОР

Објавено во: Мои пари 22 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Голем број потрошувачи, заинтересирани граѓани и учесници присуствуваа во трговскиот центар Рамстор на извлекувањето на добитниците од наградната игра „11-ти роденден на Рамстор!“.

Возбуда, нетрпение и големо исчекување ги обзема присутните, особено оние чиј фокус беше главната добивка, возбудливиот CROSSOVER Citroën C4 Cactus.

Наградната игра „11-ти роденден на Рамстор!“ почна на 6 октомври и траеше до 14 декември оваа година, а можност за учество имаа сите полнолетни граѓани со фискална сметка над 1.000 денари. Со организацијата на оваа наградна игра Рамстор сакаше да искаже благодарност кон своите лојални потрошувачи за довербата, што го направи нивен прв избор во изминатите 11 години.

На извлекувањето беа доделени 111 ваучери од по 11.000 денари, како и уникатниот CROSSOVER Citroën C4 Cactus кој отиде во рацете на Сергеј Шоптрајанов  од Скопје.

„Сè уште сум возбуден и не знам што би кажал во овој момент. Ми се чини нестварно, како да му се случува на некој друг. Не присуствував на извлекувањето, ме информираа телефонски и добро што имав каде да седнам. Не ми се верува дека можам да кажам дека сум сопственик на CROSSOVER Citroën C4 Cactus!?! Секој пат кога ќе изговорам, одново се преиспитувам дали е ова возможно?!? Благодарен сум за наградата, тотално неочекуван подарок, 2016-та не можеше да има подобар финиш“ - возбудено изјави Сергеј.

Уште од основањето визијата на Рамстор остана иста; да креираат и да задржат среќни и задоволни потрошувачи, а тоа настојување го демонстрираа и со организација на оваа наградна игра.

„Секако дека деловните резултати, плановите и визиите за просперитет носат сатисфакција и бенефит за нас и за нашите вработени, но она задоволство и среќа што им ги овозможуваме на нашите потрошувачи не се мери со ниту една единица мерка за успех. Бев присутен на извлекувањето и на таа несекојдневна возбуда и ќе бидам искрен, нема подобро чувство, нема поголема храна за душата, отколку да наградите и да израдувате некого толку многу.  Се надевам дека нашите потрошувачи ќе уживаат во своите ваучери за поголемо и побогато новогодишно славење. На добитникот на CROSSOVER Citroën C4 Cactus му ја честитам оваа голема добивка и посакувам удобно и безбедно возење со овој егзотичен автомобил“ -  изјави Мурат Јуксел, Маркетинг директор на Рамстор во Македонија.

Следејќи ги позитивните трендови во малопродажбата и ослушнувајќи ги очекувањата на потрошувачите, Рамстор маркетите постојано работат на унапредување на разбирањето на потребите на модерното живеење. Тоа подразбира континуирана инвестиција во оперативна инфраструктура и во нови маркети поблиску до потрошувачите, што обезбедуваат најдобри услови за пазарување и понуда што им го подобрува квалитетот на животот ним и на нивните најмили.

Сите добитници од наградната игра „11-ти роденден на Рамстор!“ можете да ги најдете на следниот линк. 

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг