19 Декември, 2025
0.1676

Извор од ЕУ: Шефот на Еврогрупата е причината за оставката на Варуфакис

Објавено во: Балкан 06 Јули, 2015 11:37

Добивај вести на Viber

Една од причините за оставката на Варуфакис е остар конфликт со претседателот на Еврогрупата Јерун Деиселблум, потврдува дипломатски извор за агенцијата „ТАСС“.

„Во последните недели министерот Варуфакис изгради исклучително напнати односи со одделни членови на Еврогрупата, на прво место, со претседателот Јерун Дииселблум“, вели изворот.

Според него, противниците на Варуфакис веруваат дека тој намерно ги продолжил преговорите и постојано ја менувал позицијата на преговорите, за да го направи невозможно постигнувањето на договор до крајниот рок.

„Во овие околности постои недостаток на доверба кон главниот грчки преговарач што не е поволно за решавање на проблемите на Грција, откако тие ги отфрлија предлозите на доверителите“, објаснил извор од европската мисија во Брисел.

Претходно денеска грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис направи изјава во која тој ја објави одлуката да се повлече. Тој откри дека бил информиран дека неговото присуство на состаноците на Еврогрупата било непожелно.

Поради оваа причина ја напуштам функцијата министер за финансии“, објавил Варуфакис.

Вчера (5 јули) граѓаните на Грција гласаа на референдум за да одлучат дали да го прифатат или да го отфрлат проектот за договор на владата, претставен од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фон на 25 јуни. Како што се наведува по обработка 100% од гласовите, 61,31% од избирачите гласале против договорот со доверителите за долгот на земјата.

Во меѓувреме, францускиот министер за финансии Мишел Сапен ја повика Грција да направи нови предлози по референдумот, кој го отфрли спасувачкиот пакет со предлозите направени од меѓународните кредитори.

„Самото гласање не решава ништо“, изјавил Сапен, а неговите зборови се првата реакција од втората економија во Европа. Според него „каналите за комуникација“ со Грција се "многу ограничени“. Тој изјавил дека може да биде најдено решение. Вечерва германската канцеларка Ангела Меркел ќе оствари средба со францускиот претседател Франсоа Оланд на вечера во Париз.

„Европа се соочува со тежок момент. Тоа ќе покаже дека е силна да се заштити“, додал Сапен.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен