Ја губи ли Европа вербата во ЕУ?
Објавено во: Свет 09 Мај, 2013
Ако не знаете дека 9-ти мај е Денот на Европа, тогаш припаѓате на големо друштво во кое припаѓаат и повеќето Европејци. Дури и во најтешките времиња, овој празник - со кој се одбележува Шумановата декларација, претставена од францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, со која започна Европската заедница за јаглен и челик - не се слави со трансконтинентални огномети, како што е случајот со американскиот 4-ти јули.
Сепак, ова претставува можност да се отслика растечката опасност за Европа, и огромниот ризик што тоа претставува за САД и за глобалната иднина. Што се однесува за сето кажано за европскиот фискален дефицит, или за „демократскиот дефицит“ кој ги остава институциите во Европската Унија без чувство за пресметливост и легитимност, најопасниот дефицит е оној кој доаѓа од самите Европејци.
Минатата недела, ниту помалку ниту повеќе туку самиот Хозе Мануел Баросо, претседателот на Европскиот Совет, во својот говор ламентираше дека европскиот сон е под закана од „растот на популизмот и национализмот“ во сите 27 држави членки и меѓу 500-те милиони жители во Европската Унија. Баросо рече:
„Во време кога толку многу Европејци се соочени со невработеност, неизвесност и растечка нееднаквост, почнува да владее извесна `европска вртоглавица` заедно со недостигот од разбирање. Кој што прави? Кој што одлучува? Кој кого контролира и како? И каде одиме?... И да расчистиме, и индиферентноста кај многу проевропејци е исто така ризична“.
Процентот на европски националности кои не и веруваат на Европската Унија расте со алармантна брзина, објавува Евробарометар, служба за јавното мислење во рамките на Европската Комисија. Во ноември 2012, околу 72 проценти од Шпанците рекле дека „не и веруваат на ЕУ“, во споредба со 23-те проценти од пред пет години. Во Италија оваа бројка нараснала на 56 проценти во споредба со истиот период кога изнесувала 41 процент.
Загриженоста треба да биде најголема во Германија, каде јавното мислење во однос на Европа може да биде најодлучувачко за иднината на континентот. Европеизмот долги години беше прифатен идентитет за земјата која по Втората светска војна беше повеќе од среќна да прифати алтернатива.
Но тој став еродираше со се поголемото оддалечување од нацистичкото минато на земјата, и со растечките сомнежи околу иднината на Европа - како и со економската цена за Германците која дојде од кризата во еврозоната.
Иако Германците со 75 процентно мнозинство се уште одбираат да останат во еврото, околу 56 проценти не и веруваат на ЕУ, а помалку од една третина имаат позитивна слика за ЕУ. Германскиот канцелар Ангела Меркел се осмелува да не ги игнорира емоциите по појавата на првата германска антиевро партија, Алтернатива за Германија. Иако изгледа дека поддршката за партијата на изборите во септември ќе биде мала, овие идеи сепак силно влијаат врз јавната дебата.
Висок германски парламентарец неодамна ми рече дека Меркел е уште пострастен европеец отколку што е тоа вообичаено, и дека таа никогаш нема да се откаже од еврото. „Но за неа станува се потешко“, рече парламентарецот, „да го задржи германското изборно тело со неа“.
Во еден документ на Европскиот Совет за надворешни работи, експертите Хозе Игнасио Торебланка и Марк Ленард напишаа:
„Она што изненадува е што сите во ЕУ ја загубија вербата во проектот, и кредиторите и должниците... Во јужните европски земји, на ЕУ се гледа исто како на ММФ во она што таа го стори со Латинска Америка: златна лудачка кошула која го гуши просторот за националните политики, и ги испразнува нивните национални содржини од демократијата... Во севрените европски земји, на ЕУ се повеќе се гледа дека не успеала како контролор на политики во јужниот круг. Кредиторите имаат чувство дека се жртви, исто како и должниците“.
Клучните претставници на администрацијата на Обама мораа да ги признаат огромните влогови за САД и за светот од единството на Европа и неговата ефикасност. САД, која учествува со само 19 проценти во глобалниот БДП, може да ја обликува иднината на глобалниот систем преку поблиска соработка со нејзините најважни европски сојуници.
Не само што Европската Унија е светски најголемата економија, туку е и најефикасната светска сила во ширењето на демократијата и слободните пазари во изминатите 20 години - со приклучувањето на 15 нови земји членки во манир со кој се проширува владеење на правото и се намалуваат етничките конфликти.
Геостратешката цел е можеби најважниот мотиватор зад одлуката на претседателот Барак Обама да ги потенцира преговорите за Трансатланско партнерство за трговија и иневстиции, во неговото обраќање пред нацијата (во Конгресот).
Поранешниот советник за национална безбедност, Збигњев Бржежински, на Глобсек, годишната конференција за безбедност која се одржа во Братислава, рече дека договорот сепак тешко ќе се преговара и имплементира.
„Евентуално тоа би создало дополнителни трансатлански врски кои драматично ќе влијаат врз геополитичката реалност во светот во целина. Тоа може да обликува нов баланс помеѓу регионите во Атлантикот и Пацификот, додека истовремено ќе создаде и нова виталност кај западот, поголема безбедност и посилна кохезија“.
Најголемиот проблем, вели Бржежински, има врска со природата на денешна Европа.
„На Европа и се потребни лидери кои можат да ја персонализираат и драматизираат историската мисија на пообединета Европа, во поблиска врска со Америка. Во западна Европа, денес има отсуство на историска имагинација и глобални амбиции. Во сегашниот политички дискурс кај нејзините членки, доминираат потесни перспективи и далеку попосредни преокупации. Но во тој процес отсуствува инспиративна визија која се очекува од европските демократски лидери“.
Европските лидери се доволно свесни за нивните проблеми, па затоа ја прогласија 2013 за „Европска година на граѓаните“. Од своја страна, Европската Комисија објави видео за Денот на Европа. Но со ПР нема да се реши овој проблем, не повеќе отколку што би можело со обединување на банките.
Без повторното обмислување на моралните, историските и глобалните цели, ќе расте и дефицитот на Европејци. И сите ќе страдаме од тие последици.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.