06 Декември, 2025
0.0480

Ја напуштила канцелариската работа, ја реновирала старата куќа на дедо ѝ во село, а сега има Етно бизнис

Објавено во: Финансии 19 Декември, 2017 08:47

Добивај вести на Viber

После неколку години градски живот и работа во канцеларија оваа девојка одлучила да се врати во своето село на Златибор и да почне бизнис. Ја реновирала родната куќа на нејзиниот дедо изградена во почетокот на 20 век и малку по малку ја направила туристичко етно село. Од економист преминала во столарство и градежништво, а недостатокот на пари го надоместила со фантазија и од старо правела ново.

 Александра Дачовиќ го исполнила аманетот на дедо и да ги нахрани, смести на престој и испрати на понатамошен пат патниците.

„Како и на секое дете од село и мојот план беше да одам во големиот град. Но, како што поминуваа годините и школувањето, а потоа дојде и првата работа во градот, се повеќе чезнеев за мирот кој го нуди семејниот дом а со  него и селото. После неколку години работа во канцеларија се одлучив да се вратам на село. Меѓутоа, животот на село не е ниту малку лесен. Многу е физички тежок, а приходите се многу помали“, раскажува Александра.

Александра е бајкер па од искуството кое го добила при патувања ширум Европа добила идеја да направи нешто убаво и корисно од своето домаќинство и објекти кои со децении се на нивниот имот.

Таа вели дека недостатокот на пари го дополнувале со фантазија и од стари работи правеле нов мебел. Старите буренца ги преправиле во маси и столови, во комоди и плакари. Така објектите попримиле рустичен изглед.

„И покрај тешкотиите кои се јавуваат на старт, како и во секоја работа, би ги советувала младите да се вратат на својот роден праг и да почнат со мало вложување“, порачува Александра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција