Ја тепал и давел бремената сопруга, а кога почнала да крвари ја оставил
Објавено во: Македонија 29 Август, 2025 20:21
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против државјанин на Република Хрватска, осомничен за кривично дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Тој во својот дом во Скопје физички ја нападнал сопругата, која е во петтиот месец од бременост. Прво ѝ се обратил на висок тон, а потоа ја удирал со тупаници и шлаканици по главата и телото. Насилството продолжило со силен притисок врз нејзиниот врат, а потоа ја фрлил во кревет и со главата ја удирал од неговата ивица.
Нападот престанал кога оштетената започнала да крвари, по што успеала да се засолни во тоалет и да повика полиција и брза помош. Осомничениот го напуштил станот кога слушнал дека жртвата бара помош.
Кај жената се констатирани бројни повреди на главата, како и повреди на плацентата. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




