Јадеме „дрвени“ домати – Убави за око, невкусни за јадење!
Објавено во: Агробизнис 12 Август, 2013 11:01
Во струмичкото поле речиси сите садат домати од хибридни семињаод Холандија. Граѓаните се разочарани бидејќи го снема доматот по кој сите ја препознаваа Македонија.
Убави за око, невкусни за јадење. Такви се доматите кои се одгледуваат кај нас последните неколку години. Ретко некаде може да се најдат домати какви што беа некогаш – меки и вкусни. Сегашните имаат тврда зелена внатрешност, најчесто без мирис и соодветен вкус и со дебела лушпа, пишува „Утрински“.
„Во производството и пласманот на доматите цврсто се наметна трговската логика со хибридните долготраечки семиња, каде што има сорти домати кои од 25 до 30 дена издржуваат во магацините и кога ќе добие поволна цена, трговецот ќе ја пласира на пазарот. Сето тоа е на сметка на квалитетот, бидејќи овие хибридни домати, кои сега доминираат на пазарот, имаат неквалитетна конзистенција, дебела кора и дрвена маса“, вели доктор Ристо Вучков, експерт за заштита на растенија од болести.
И производителите велат дека доматите што сега се произведуваат се невкусни, но се принудени да ги користат семињата што им ги нудат трговците.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





