Добивај вести на Viber
Јагленот ќе ја “отстрани“ нафтата од местото прв светски енергенс за десет години.
-Благодарение на големиот број извори и незапирливата потреба за електрична енергија на брзорастечките економии, јагленот во првата деценија на 21-от век бил скоро една половина од светската побарувачка за енергија“, пишува Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) во својот извештај.
Според ИЕА , Индија и Кина се “заслужни“ за тој пораст, но и Европа бавно ја решава зависноста од јаглен, и покрај предупредувањата на еколозите.
Во својата студија ИЕА го разгледува развојот на пазарите на јаглен во следните пет години.
Азискиот економски гигант, Кина, постојано отвора нови елекрани на јаглен и нивната минатогодишна потрошувачка на овој енергенс чинела 46,2 отсто од светската потрошувачка на јаглен. Веќе во 2014 година ќе ја надмине границата од 50 отсто.
Сепак организацијата за економска соработка и развој очекува дека побарувачката на јаглен ќе порасне секаде во светот, освен во Соединетите Американски Држави каде расте побарувачката на гасот.
ИЕА оценува дека само исклучителен пад на цената на гасот би можел да ја намали побарувачката за јаглен.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.