05 Декември, 2025
0.0317

Јагнињата пред Велигден останаа непродадени!

Објавено во: Агробизнис 05 Април, 2013 21:03

Добивај вести на Viber

Сточарите во Дебарско годинава не ги остварија плановите за претстојната продажба на јагниња. Како што вели Лири Делиши, началник на подрачната единица на Министерството за земјоделство, од околу 17.000 јагниња продадени се нешто помалку од 7.000.

„Причина за ваквата состојба пред се е ниската откупна цена која ја нудеа откупувачите. Сточарите не се согласија со 140 денари за килограм па повеќето одлучија јагнињата да ги остваат и да ги зголемат стадата. Втората причина е тежината на јагнињата, па и на оние сточари кои се согласуваа со таа цена поради поголемата тежина не им беа откупени“, вели Делиши.

Изминатите години речиси 90 отсто од јагнињата беа продавани и тие главно завршуваа на трпезите во Грција, Италија и во Хрватска, а помал дел се купуваа во земјава главно во Дебар. Останатите 10 отсто од јагнињата сточарите ги оставаа за зголемување на своите стада.

Сточарите од Дебарско, односно во општините Дебар и Центар Жупа, располагаат со  околу 30 илјади грла ситен добиток.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?