06 Октомври, 2024
0.0459

Јаким Неделков: Зарем требаше да ги одбијам 5-те отсто покачување на платите!?

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Јаким Неделков, претседателот на СОНК, испрати писмо до членовите на синдикатот, одговарајќи на неразјаснети прашања во преговорите со Владата и МОН за покачувањето на платите на просветарите и помошно-техничкиот персонал со убедување дека во наредните денови ќе биде постигнат договор за тоа колку и од кога ќе има зголемување на истите во текот на 2020.  На скептиците им одговори дека ќе има уште едно зголемување на приходите, иако договорот за 5 отсто е веќе потпишан.

Владата одлучи од 1 септември да им ги покачи платите на вработените во основното и средното образование за 5 отсто, но на истиот ден синдикатот одржа предупредувачки штрајк со барање месечните примања да се зголемат за 25 отсто. Од таму се заканија дека во текот на октомври ќе следува генерален штрај доколку не биде постигнат договор со Министерството за образование. 

„Потпишаната Спогодба за зголемување на платите во дејноста образование од 5 отсто не значи дека членовите на СОНК и воопшто во дејноста образование се измамени од страна на претседателот на СОНК, затоа што буквално во сите изјави беше кажано дека ја поздравуваме заложбата на Владата за зголемување на платите во образованието, но воедно и отворено, јавно го изразуваме нашето незадоволство, за висината на зголемувањето на платите, која што е симболична и недоволна. Заради тоа, СОНК ги превзеде и активностите со кои што успеа да отвори конструктивни преговори со Владата и со МОН, на кои што се очекува во наредните денови да се излезе со конкретни резултати од преговорите, а тоа е всушност за колку проценти и од кој период ќе се зголемат платите во образованието од 2020 година“, пишува Неделков.

Тој тврди дека би било нефер кон членовите да не ја прифати спогодбата за покачувањето на платите за 5 отсто.

„И конечно, го затворам ова прашање со прашањето: Дали требаше да не ја потпишам оваа Спогодба со министерот за образование и со тоа орактично да оневозможам зголемување на платите за 5 отсто и дали имав овластување од членството за тоа?“, прашува првиот синдикалец.

Министерството за образование и наука (МОН) и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) ги продолжуваат преговорите за зголемување на платите на наставниот кадар. Тие имале средба минатата недела, а ќе имаат и во наредните денови, но не е разговарано, како што рече ресорниот министер Арбер Адеми, за конкретен процент за покачување на платите.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил