26 Јуни, 2024
0.0356

Јакимовски: Лошо справување со кризата за најдепресивен период за младите во Македонија

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Огромен дел од младите луѓе не ја гледаат својата иднина во Македонија, па ако на тоа се додаде екстремната инфлација и лошото справување со кризата, како никогаш досега во последните години не било тешко да се биде млад човек кој сега го формира своето образование или ги почнува првите кариерни чекори, планира семејство, купување стан или автомобил.

За последиците од спорот со Бугарија, националните понижувања, недовербата во институциите и корупцијата разговараме со Виктор Јакимовски, младински активист и претседател на платформата „Пантеон“.

Младите во општеството и политиката низ призмата на корупцијата, партизираноста и неизвесната европска иднина се најмаргинализирани. 2022 и особено нејзиниот крај може да ги оцениме како едни од најдепресивните во последниот период, како дојде од оваа состојба?

Ако ги земеме во предвид сите случувања во 2022 година, од ситуацијата со европската иднина на државата, до неадекватното справување со кризата, на кое патем изговорот беше само војната во Украина, која според мене не влијаеше во толкава мера за да дојдеме до инфлација од речиси 20%, (не)справувањето со лицата кои за време на кризата на разни начини го злоупотребуваа или заобиколуваа системот за да профитираат, и доколку на сето ова се додадат згаснувањето на работните места и падот на куповната моќ на денарот, тогаш не треба ништо да не чуди, потенцира Јакимовски.

Јасно е дека се намалува бројот на млади луѓе и се повеќе се иселуваат високобразовани и стручни кадри, секако економските проблеми ја влошија егзистенцијата за младите, но тоа не е единствена причина за иселувањето и одливот на мозоци. Зошто Македонија станува се помалку привлечна за младите?

Затоа што Македонија како држава остана без систем на вредности во кои се негуваат правдата, професионализмот, не се ценат вредните луѓе, а притоа се унапредуваат „ботови“ кои не се компетентни да се носат со функциите кои им се доделени. Јавното здравство е урнисано, родители фаќаат врски за да си ги запишат децата во градинка или забавиште, корупција и непотизам во речиси сите институции... Долг е списокот на причини, смета Јакимовски.

Што е потребно и зошто недостасува тој младешки елан во општеството, несметајќи ги оние поединечни џебови на креативност, пркос, уметност и авангарда?

Критичка мисла, храброст и жртва. И јас како млад човек сакам во овие години главна преокупација да ми бидат патувањата, забавите, парите и културата, но за жал не живееме во таква држава. Кога сме веќе затечени во ваква ситуација тогаш треба да бидеме храбри и критични кон оние кои што не го унапредуваат општеството, а притоа од некоја причиниа тие некои сме ги условиле како „наши“. Да, можеби таа храброст и критика може значаен дел од нас да ги чини етикета, навреда или можеби и пендрек на протест, но мислам дека треба да имаме еден виш идеал кон кој ќе се стремиме за да изградиме подобра држава, вели Јакимовски.

Две карактеристични екстреми може да им се „препишат“ на младите, целосна аполитичност до радикални ставови и верувања во теории на заговор, колку за тоа се „виновни“ социјалните мрежи и начинот на кој се управуваат во Македонија?

Во најголем дел за тоа се виновни социјалните медиуми, односно нивните алгоритмни на сервирање на „контент“. Имено, доколку некоја личност е склона, да речеме кон одреден радикален став и притоа ќе изгледа неколку видеа на социјалните мрежи кои се поклопуваат со неговиот поглед, самите алгоритми функционираат на начин да сервираат до конзумерот што повеќе иста таква содржина, за што повеќе да го задржат неговото поминато време на апликацијата. Во такви околности тие што се радикални, ќе станат останат радикални или ќе станат уште повеќе, оние кои што се депресивни ќе станат подепресивни итн, вели Јакимовски за Фактор.

Многу обуки, семинари и програми за младински лидери, младински амбасадори, но недостиг на директна политичка вклученост, градење на грас рут движења и наметнување на различни политички програми и учество во неопходните реформи. Зошто?

Мислам дека тоа се должи на две ситуации. Едната е окупираноста која ја имаат политичките партии врз речиси сите сегменти на она што значи „политичко“ и слабата отвореност кај повеќето партии за реална внатрешна дебата. Другата е тоа што амбициозните млади луѓе поради ситуацијата во нашето општество се разочаруваат, креваат раце и заминуваат надвор. Во ваквов сплет на околности имаме ем умни луѓе кои константно си заминуваат, ем и тие што остануваат, најголем дел од нив не размислуваат на глас поради тоа што можат да бидат изолирани, заклучува Јакимовски.

Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“