20 Мај, 2024
0.0273

Јакнење на стратешкото партнерство помеѓу Владата и Обединетите нации за постигнување на Целите за одржлив развој

Објавено во: Мои пари 10 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Новоименуваната Постојана координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Росана Дуџак, оствари прва средба со Министерот за надворешни работи, Никола Димитров. На средбата разговараа за следните чекори и начини за дополнително јакнење на стратешкото партнерство помеѓу Владата и Обединетите нации, особено по однос на постигнувањето на Целите за одржлив развој.

„Повеќе и подобри работни места, поголема вклученост на граѓаните во носењето на одлуките, подобар живот за ранливото население, родова рамноправност и почиста, позелена и отпорна животна средина се нашите пет стратешки приоритети зацртани за 2016-2020”, изјави Постојаната координаторка Дуџак. „Семејството на Обединетите нации ќе продолжи да работи заедно со нашите партнери од Владата, граѓанското општество, и меѓународната заедница, за – во духот на Целите за одржлив развој – никој не биде изоставен.”

Росана Дуџак има повеќе од 20 години професионално искуство во меѓународниот развој. Претходно работеше во главната канцеларија на УНДП во Њујорк како лидер на тимот за политики на интеграција и програмска поддршка и лидер на тимот за превенција на кризи за Латинска Америка и Карибите.

Дуџак беше и Заменик постојан претставник на УНДП во Тунис за време на демократската транзиција и арапската пролет, како лидер на тимот за добро владеење во Етиопија и како специјалист за превенција на кризи во Колумбија.

Пред да се приклучи во семејството на Обединетите нации, Росана Дуџак работеше во Светска банка, Интер-Американската банка за развој и во консултантска фирма за инфраструктура со бројни мисии во светот, вклучувајчи ги Виетнам, Гвинеа и Гватемала.

Има завршено постдипломски студии во Планирање на градови на Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) и диплома од Универзитетот Џорџ Вашингтон во областа на меѓународните односи.


Можеби ќе ве интересира

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи