20 Декември, 2025
0.0437

Јанакиески: Македонија прва во Европа ќе воведе електронско издавање на урбанистички планови

Објавено во: Мои пари 06 Декември, 2013 11:33

Добивај вести на Viber

Од следната година сите постапки за изготвување и одобрување урбанистички планови ќе се одвиваат по електронски пат, по примерот на останатите воведени електронски алатки во овој ресор, соопшти денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. - Ако во 2013 година предизвик беше воведувањето електронски систем за издавање одобренија за градење, за следната година тоа ќе биде целосна дигитализација на постапката за донесување и одобрување на урбанистичките планови - рече Јанакиески во обраќањето на конференцијата „Вистински импакт за подобро владеење“. Електронски систем за урбанистичките планови, според него, нема во ниту една држава во Европа, а со неговото воведување ќе се овозможи урбанизација на просторот на потранспарентен и поефикасен начин што ќе ги зголеми инвестициите и ќе го забрза економскиот развој. Од стартот на електронскиот систем за дозволите за градба на 1 јуни до 1 ноември годинава се поднесени 1.504 барања и веќе се издадени 389 одобренија. Просечното време за добивање на дозволата, истакна Јанакиески, во ноември е 18 дена, а претходно целата постапка се одвиваше за 45 дена, но имаше случаи и за 90 дена.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии