Јанева: Се надеваме дека одлуките на судиите ќе бидат засновани на закон
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2016 15:50
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска изјави дека се надева дека одлуките на судиите ќе бидат засновани на закони, и будно ги следат случувањата околу судството.
Јанева се надева на личниот и професионалниот интегритет на судиите.
Таа денеска присуствуваше на дебатата „Судско одмерување на казните и практична примена на алтернативните мерки во македонското законодавство“.
„Будно ги следиме овие случувања околу судството, како институција која е зависна од судските одлуки. Што се однесува до нас, ние се надеваме дека личниот и професионалниот интегритет на судиите ќе дојде до израз во оваа ситуација и дека нивните одлуки ќе бидат засновани на закон и на нивен личен интегритет и дека нема да трпат влијание во однос на нашите постапки и барања“ – вели Јанева.
Работата на СЈО е мошне важна, а четирите партии со Пржинскиот договор се договорија да постои оваа институција и комисијата на Европската унија донесе одлука за поддршка на СЈО на 9 ноември оваа година, изјави германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




