Јанева: Судот да сфати дека СЈО не гони обични криминалци, туку криминална група во врвот на власта
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2017 18:39
Судот треба да сфати дека СЈО не гони обичен криминал, туку ја гони криминалната група која се наоѓа во врвот на власта и затоа судот мора совесно, чесно и професионално да си ја извршува својата должност кога станува збор за случаите на Специјалното јавно обвинителство. Ова денеска го изјавила специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која беше гостин на презентацијата на истражувањето „Неосновано притворени – правни и буџетски последици, што се одржа во ЕУ-Инфоцентарот во Скопје.
„Ние ги образложуваме сите предлози за притвор, но како што знае јавноста, од одреден број на судии тие се одбиваат на ист начин иако ние ја следиме судската и европската практика, за тоа како треба да се бара притвор и други мерки за обезбедување на осомничени. Не сме задоволни од постапувањето на судот по нашите предмети. Кога ги поднесуваме барањата за претрес или притвор секој пат одредено лице, одреден судија одлучува по нашите барања“, потенцирала специјалната јавна обвинителка.
Специјалната јавна обвинителка нагласи дека на овој начин судијата „може да ја злоупотреби својата службена должност и овластување кога станува збор за висока корупција од страна на високи функционери од власта што ја истражува СЈО.
„Ние како Специјално јавно обвнителство не гониме обичен криминал, туку ја гониме криминалната група која се наоѓа во врвот на власта на Република Мкаедонија и тоа мора да се сфати од страна на судот кој претставува трета власт, која треба совесно, чесно и професионално да си ја извршува својата службена должност во врска со случаите на СЈО, што за жал не е така“, рече Јанева, пренесе Meта
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




