Јанева за Груевски: Сметавме дека нема потреба да побараме построга мерка
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2018 21:54
До минатиот четврток кога Груевски беше присутен во земјава, не оддаваше настапи дека нема да се јави на суд и зошто би побарале да биде ставен во притвор, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во интервју за 1ТВ.
Кога некои луѓе не можеа да му го споменат името, ние како СЈО побаравме мерка притвор, рече Јанева.
„Се однесуваше како слободен граѓанин, одеше на работа како пратеник, се јавуваше на сите рочишта. Сметавме дека нема потреба во овој момент да побараме построга мерка за обезбeдување. Да не си ја префрламе вината сега еден на друг“, вели Јанева.
Таа очекува Груевски да биде екстрадиран во земјава.
Јанева вели дека „Тенк" прв се пресуди и не беше избор на СЈО, но очекувано било бидејќи е полесен предмет и за него прво да се добие пресуда.
Во сите случаи СЈО поседува доволен број на докази за сите предмети на СЈО, посочи обвинителката.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




