Јанкулоска: Македонија бележи континуиран прогрес во борбата со корупцијата
Објавено во: Мои пари 26 Април, 2013 15:49
Во делот на борбата против корупцијата Република Македонија бележи континуиран прогрес, а тоа е евидентирано во сите релевантни меѓународни извештаи, вклучително и во извештајот на Транспаренси Интернешенел, каде континуирано земјата бележи скок на ова поле.
Вака одговори министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по барање на новианрите да го коментира последниот извештај од Стејт департментот на САД во делот што се однесува за корупцијата.
- Нашата цел останува да го продолжиме овој позитивен тренд односно паралелно со реформите во нормативанат рамка, да продолжиме со имплементацијата. Статистиките потврдуваат дека и бројот на откриени случаи се зголемува од година во година, како и бројот на поднесени кривични пријави против сторители, а што е можеби поважно во однос на корупцијата и бројот на откриени злоупотреби во смисла на оштетувањата пред се на буџетот како износ, истакна Јанкулоска.
На новинарско прашање за полициското присуство вчера на настанот кај хотелот Бристол во Скопје, министерката Јанкулоска посочи дека МВР ќе продолжи да функционира во рамките на своите законски надлежности и секогаш кога ќе биде побарана интервенција за воспоставување на јавниот ред и мир ќе постапува, затоа што, подвлече, никој нема право заради лично верување да содава неред, да уништува туѓ имот и да создава хаос.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





