Јанкулоска осудена за набавка на „триаголникот“
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2018 12:40
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска првостепено од кривичниот суд е осудена на шест години за злоупотреба на функцијата и неовластено купување на луксузен мерцедес во издвоениот случај под името „Тенк“.
- Обвинетатат знаела дека се работи за исклучително скапо возило. Обвинетиот Н.Г. побарал од Г.Ј. да изврши службено дејствие што не би требало да се изврши, однсоно МВР да купи возило по негова желба. Покрај тоа, се фаворизирал и економскиот оператор „МАКаутостар“, иако постоеле други конкурентни понуди. Одбраната на обвинетата до сега се правдаше за потребите од купување на ова возило, но немаше аргументи за начинот на кое е купено истото. Граѓаните воопшто не биле информирани и се било скриено од очите на јавноста - објави судијката Софија Кацарска.
Таа напомена дека техничклите спецификации биле намерно „штелувани“ за да се купи токму скапиот модел на рецедес С600-gard. Било контактирано со набавувачот Марко Јовановски, кој како сведок од Германија посочил дека МВР го фаворизирале токму тој модел на возило. Се одело и дотаму што се барало автомобилот да има и екрани на задното седиште, а беа читани и цитати од разговори од „бомбите“.
Покрај Јанкулоска, за овој случај осудени се и поранешниот премиер Никола груевски и помошникот во МВР, Ѓоко Поповски, на две, односно четири и пол години затворска казна.
Според меѓусебни разговори, Јанкулоска и Груевски се договориле да глумат дека возилото е на МВР. Во разговорите мерцедесот го ословуваат со тајна шифра „триаголникот“.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




