19 Декември, 2025
0.0615

Јанкулоска се жали дека не може да шета надвор од Скопје

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2018 15:07

Добивај вести на Viber

Одбраната на екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска во рок од три дена ќе се жали на одлуката на Судот. Тој вчера, освен казната од 6 години затвор за злоупотреба на функцијата при набавката на блиндираниот мерцедес ù забрани и да го напушта живеалиштето, односно градот Скопје. Според нејзиниот адвокат Боро Тасевски, нелогично е постојано да се изрекуваат мерки на претпазливост, со оглед на тоа што Јанкулоска е обвинета во други предмети и досега ги почитувала мерките изречени од Судот.

„Гордана Јанкулоска веќе има мерки на претпазливост, како одземен пасош и задолжително јавување во судот и тие мерки таа ги почитувала. Со оглед на тоа, нелогично е да се трупаат дополнителни мерки за неа имајќи ја во предвид и околноста дека е мајка и ние веќе ја подготвуваме жалбата“, рече Боро Тасевски, Адвокат на Гордана Јанкулоска.

Одбраната на Јанкулоска сè уште не ја добила пресудата. Од Кривичниот суд најавуваат дека таа ќе биде готова до крајот на неделава или евентуално следниот понеделник. Откако ќе ја добие пресудата, екс-министерката има рок од 15 дена да се жали до Апелација. За набавката на луксузниот мерцедес веќе правосилно се осудени и поранешниот помошник во МВР Ѓоко Поповски и тоа на четири ипол години, но и поранешниот премиер Никола Груевски на две. Поповски е веќе во притвор, додека Груевски чека упатен акт од скопска единица на која затворска капија да се упати за да ја одлежи казната. Сепак, тој има можност за жалба и до Врховниот суд.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки