Јанша пресече-На повик на Мицкоски испративме помош
Објавено во: Македонија 05 Април, 2020
На повик на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја известив Владата на Словенија и испративме помош на оваа пријателска земја, пишува денеска на твитер словненечкиот премиер Јанез Јанша.
Инаку вчера во медиумите имаше дебата и своевидна војна на двете партии за тоа кој ја обезбедил помошта од Словенија. Мицкоски тврдеше дека тој е заслужен за тоа, а од Владата обвинија дека шири лажни вести.