28 Март, 2024
0.0235

Јануарскиот ефект

Објавено во: Анализа 30 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Дижењето на акциите во јануари е доста интересно за аналитичарите по неколку основи. Според некои тврдења ова е генерално добар месец за акциите бидејќи по продажбите кои се прават во декември повторно се прераспределуваат портфолијата за годината која престои и токму поради тоа во овој период акциите растат. Од друга некои ги анализираат првите пет дена во месецот како индикатор за тоа што ќе се случува во текот на годината. Еве зошто: Гледате дека овој метод се покажал како доста интересен во оваа декада и дека првите пет дена наговестиле сериозно добри години. Доколку овој индикатор продолжи да покажува точно и 2013 треба да биде добра, барем кога сме кај американската берза. Народот не рекол за џабе изгледа: Како ќе ти почнегодината така ќе си тера до крај. Епа во овој дух да видиме како изминативе 30 дена поминуваат берзиве низ светот и да видиме некои нивни карактеристики: Да започнеме со S&P 500 Одлични 30 дена за американските инвеститори. Индексот од почеток на годината е пораснат за повеќе од 5%. Целиот индекс има капитализација од 13 трилиони долари. Бидејќи од Европа често го анализираме германскиот индекс, овојпат се решивме да ви го презентираме францускиот CAC  индекс: Цели 20% пораст за една година, а од почетокот на оваа пораст од скоро 4%. Индексот има коефицинет цена/заработка од 13, што за малку го прави поефтин од американскиот. Никеи, познатиот индекс на Токиската берза. И покрај сите проблеми кои Јапонија ги има берзата засега минува сосема солидно: Повеќе од 4% пораст од почеток на годината и поврат од 25% за 365 дена. Треба да се напомене дека овој индекс има цена/заработка коефициент од 25 што е релативно високо ниво. За крај ја презентираме индиската берза и нејзиниот главен индекс 3,5% поврат од почеток на годината. Продолжува добрата серија од 2012 која на инвеститорите им овозможи пораст од 18% на индексот. Сега засега на повеќе места во светот работите фукционираат сосема добро за инвеститорите. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот