Јапонија ги приземји „Дримлајнерите“ на Боинг
Објавено во: Свет 25 Февруари, 2013 12:06
Јапонскиот авиопревозник „Ол Нипон Ервејз“ (АНА) денеска ја приземји својата флота од авиони „Боинг 787С Дримлајнер“ најмалку до крајот на мај, бидејќи се уште не може да се реши проблемот со овие летала.
Компанијата поради тоа откажа 1.714 летови во април и мај, период кој се совпаѓа со „Златната недела“ на најпопуларните јапонски празници. Со ова бројот на откажаните летови на компанијата ќе достигне 3.600 откако авионите „Дримлајнер“ првпат беа приземјени минатиот месец.
Овојпат ќе бидат откажани 1.250 летови на домашни линии и 464 меѓународни, меѓу кои и кон Сеул, Сиетл и Франкфурт.
АНА е најголем купувач на авионите „Дримлајнер“ досега, со 17 од вкупно 50 „Боинг 787С“, колку што летаат ширум светот.
Новата генерација авиони е погодена од серија проблеми кои кулминираа со глобална тревога издадена од Федералната администрација за авијација на САД по два инциденти со батериите на инструментите во авионите
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




