29 Септември, 2024
0.0340

Јапонија и конкурира на Кина, обезбедува 110 милијарди долари за инфраструктура во Азија

Објавено во: Економија 22 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Јапонскиот премиер Шинзо Абе претстави нов план за создавање на банка која ќе финансира инфраструктурни проекти, што е очигледен обид за промоцијата на конкурентен проект по неодамнешните известувања од страна на Кина за основање на седиште во Пекинг на Азиската банка за инвестиции во инфраструктура, која е конкурент на Светската банка, објавија руски медиуми.

Говорејќи на симпозиум во Токио под наслов "Иднината на Азија: Да бидеме иновативни" Абе изјавил дека Јапонија преку Јапонската банка за меѓународна соработка, како и Азиската банка за развој, ќе обезбеди поголемо финансирање за инфраструктурни проекти за да одговори на она што јапонскиот премиер го опиша како азиски "волчји апетит" за нова инфраструктура, достигнувајќи 100 трилиони јени (830 милијарди долари) годишно.

"Ние ќе стартуваме со нов механизам кој ќе обезбедува финансирање за проекти со релативно висок ризик преку Јапонската банка за меѓународна соработка", посочил Абе.

Помошта од јапонската влада ќе изнесува повеќе од 4 трилиони долари јени (33 милијарди долари) во рок од четири години и ќе биде насочена кон помагање на азиските земји кои развиваат инфраструктурни проекти во партнерство со приватниот сектор.

Со седиште во Филипини Азиската банка за развој, во која Јапонија има најголем удел, исто така размислува за зголемување на капиталот, истакна Абе. Азиската банка за развој неодамна го зголеми својот капацитет за позајмување за 50%, како дел од обидите за проширување на кредитирањето на приватниот сектор.

Општо земено, посочи Абе, јапонската влада во соработка со банката на Кина ќе ги обезбеди азиските држави со финансирање во износ од 110 милијарди долари во период од пет години.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија